Екипата на Ангели славеше победа над МЗТ Скопје У.Б. во првиот од двата дерби дуели на колото, на Втората кошаркарска лига.
На натпреварот од 17.коло тимот од Кисела Вода славеше со 68-58.
По почетното водсто на домаќините 4-2, следуваше серија на гостите 10-0 за водство 4-12. Четвртината со мал број на поени и многу промашувања ја добија аеродромци со 14-16. Добрата игра од финишот на првата Ангели ја продолжија и во втората четвртина. Имаа домаќините вобтри наврати и +5, а на одмор заминаа со три разлика 32-29.
Второто полувреме домаќините го отворија со 8-0 и во 23.минута за прв пат поведоа со двоцифрена разлика +11 (40-29). Таа предност ја одржаа до крајот на четвртината (52-41). Се што сторија аеродромци е да се доближат на четири негатива во неколку наврати. Сепак на крајот домашниот тим славеше со десе разлика 68-58.
Со оваа победа Ангели се зацврстија на четвртата позиција на табелата со две победи повеќе од МЗТ.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре, а дербито е во Чаир, каде Шкупи го пречекува Маџари.