Во просториите на Ракометната федерација на Македонија напладне ќе се одржи ждрепката за четвртфиналната фаза во Купот на Македонија.
Останаа 16 екипи кои ќе се борат за четирите места што водат на завршниот „фанјал-фор“ турнир.
Екипите се поделени во четири сада (шешири) пред извлекувањето, а рангирани според пласманот по првата фаза од шампионатот.
Принципот на оваа фаза е јасен. По четири екипи ќе играат во четири групи и тоа полуфинални и финални натпревари. Само победниците од групите ќе обезбедат пласман на „Ф4“ турнирот во мај.
Натпреварите во четвртфиналните групи ќе се играат на 23 и 24 март.
Жрепката ќе може да ја гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ЖДРЕПКА:
шешир 1: ЕУРОФАРМ ПЕЛСТЕР, АЛКАЛОИД, ВАРДАР, ТИКВЕШ
шешир 2: БУТЕЛ СКОПЈЕ, ОХРИД, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2, ПРОЛЕТ
шешир 3: ГОЛДЕН АРТ, СТРУГА, ПРИЛЕП, КУМАНОВО
шешир 4: СКОПЈЕ, ВАРДАР НЕГОТИНО, РАДОВИШ, МУЛТИ ЕСЕНС
Трофејот од лани го брани Вардар кој во финалето во Охрид го победи Еурофарм Пелистер.