Македонскиот првак Еурофарм Пелистер како ја почна, така ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Пелистерци на гостувањето во Норвешка кај Колстад се поразени со 34-27 во последниот натпревар од групната фаза.
Освен израмнувањето 1-1 на почетокот на мечот, се останато беше во знакот на домашниот тим. Норвешкиот тим брзо се „одлепи“ и веќе во 12.минута имаше седум голови предност (11-4). На полувреме Колстад замина со четири гола предност (17-13). Вториот дел пресликан како како и првиот. Колстад ќе се одлепеше, пелистерци бркаа негатива, за на крај норвешкиот тим да слави со конечни 34-27.
Симен Улштад Лисе со 11 голови беше прв стрелец во победничката екипа, а на спротивната страка, кај пелистерци, исто толку постигна Урош Борзаш.
И за двата тима ова беше последниот натпревар во елитното натпреварување.
Со тоа Еурофарм Пелистер сезоната во елитното натпреварување го заврши со 14 порази на исто толку одиграни натпревари.
Битолскиот тим сега ќе може комплетно да се посвети на домашните обврски, одбраната на шампионската титула и настапот во Купот на Македонија.