Полската тенисерка Ига Швјонтек и понатаму е на врвот ВТА листата.

Полјачката сега има 10.105 поени, а зад неа е победничката на Австралија плен Арина Сабаленка од Белорусија со 8.725.

Швјонтек како загревање за претстојните настапи на американската турнеја ги демонстрираше и своите фудбалски вештини, во исчекување на турнирот во Индијан велс.

Нема промени во десетте најдобри на листата. Така трета останува Американката, Коко Гоф пред Елена Рибакина од Казахстан и уште една Американка, Џесика Пегула.

Листата ТОП-10 ја заокружуваат:

Онс Џабер од Тунис, Маркета Вондроушова, Чешка, Кинвенг Женг од Кина, Марија Сакари од Грција и Летонката, Јелена Остапенко