Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања, така е и денеска.

На машката, АТП ранг листа, без промени барен што се однесува до врвон, но и две измени во ТОП-10.

Новак Ѓоковиќ ја почна 415-та недела на врвот. Србинот загуби 180 поени во однос на минатата недела, па сега има 9.675 бодови. Ѓоковиќ неделава, а по пауза од пет години ќе учествува на турнирот во Индијан Велс.

По Ѓоковиќ следуваат, Шпанецот, Карлос Алкараз, Италијанецот, Јаник Синер и Русинот, Даниил Медведев.

Неговиот пак сонародник Андреј Рубљев по дисквалификацијата од турнирот во Дубаи, петтото место му го препушти на германскиот тенисер Александар Зверев, па сега Русинот е шести.

Седми тенисер во светот оваа недела е Данецот Холгер Рун, зад него е Хуберт Хуркач од Полска.

Каспер Руд скокна на деветтата позиција, додека Австралиецот, Алекс де Минор падна на 10-тото иако во финалето на турнирот во Акапулко, Мексико, го совлада токму Норвежанецот.