Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европскиот шампионат.
Македонските ракометарки се поразени од Шпанија со 19-31 во натпревар од 2.коло на петата група.
Гостинките подобро го започнаа натпреварот и во 10-тата минута имаат четири гола предност (2-6). Но, нашите ракометарки направија серија од 3-0 и намалија на 5-6. Попуштија две можности за израмнување, направија низа технички грешки, па Шпанките тоа го казнија. Во 29.минута противничките ги имаа најголеми +7 (10-17). На паузата се замина со резултат 17-11 за Шпанија.
Во вториот дел нашите ракометарки дури девет минута не постига гол, па Шпанија веќе имаше убедливи +12 (11-23). До крајот на натпреварот „црвената-фурија“ одигра во ист ритам, па славеше со убедливи 12 разлика (31-19).
Сара Ристовска со шест беше најефикасната ракометарка на Македонија, додека Јована Кипријановска додаде четири, а Симона Маџовска и постигна три. Во победничката селекција и на натпреварот прв стрелец беше Александра Кабрал Барбоса со седум голови.
Возвратниот натпревар Македонија и Шпанија ќе го играат во Ланзароте веќе во недела (3 март) од 18 часот.
Ивона Кимовска