По двата порази од Реал и Атлетик Билбао, тимот на Џирона се врати на победите во шпанската Ла Лига.
На гостувањето кај Рајо Ваљекано и Столе Димитриевски, екипата на Џирона славеше со 3:0.
Во „досадната“ прво полувреме, кое го одбележа обилниот дожд, речиси и да немаше вистинска шанса за гол.
Затоа пак во вториот дел гостите од Бадалона, успеаја да ја затресат мрежата на македонскиот репрезентативец.
Бо брзата акција во 52.минута и одличното проигрување на Мигел Гутиерез, Украинецот, Виктор Циганков го совлада нашиот Столе. Имаа гостите уште две добри шанси, но Димитриевски не дозволи да прими нов гол.
Сепак, не можеше Столе повторно да спасува во завршните минути. Бразилецот, Савио во 90-тата се прошета низ одбраната на Рајо, а во петата од судиското дополнение го постиган вториот гол, за конечни 3:0.
Со оваа победа (18-та), Џирона повторно се врати на второто место на табелата со 59 бодови, два повеќе од Барселона, а шест помалку од лидерот Реал.
Рајо Ваљекано е 14-ти со 25 бодови.