Фудбалерите на Ливерпул го освоија првиот трофеј сезонава. Тие во финалето на Лига (Карабао) Купот одиграно во Лондон го победија Челзи со 1:0.
По свечената церемонија црвените ја споделија радоста со своите навивачи на „Вембли“ ечеше препознатливата химна на клубот „You’ll Never Walk Alone“.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој најави дека ова е негова последна сезона во тимот од „Енфилд“ беше најгласниот. Воедно Германецот во еден момент тркна кон своите навивачи им диригираше.
Дополнителен коментар на видеото што следува не е потребен.