Фудбалерите на Интер се се поблиску до освојување на „Скудетото“ во Серија А. Тимот од Милано вечерва славеше убедлива победа на гостувањето кај Лече со 4-0.
До десеттата последователна победа во сите натпреварувања Интер стигна многу лесно.
Лаутаро Маринез беше стрелец на два гола, првиот (15.минута) и третиот. Во меѓувреме (54) Фратеси се запиша во листата на стрелци, а гол постигна и Де Вриј (68).
Интер сега има 66 бодови, и пак девет повеќе од второ пласираниот Јувентус, кој пак има одиграно и еден натпревар повеќе.