Во 15 коло од женската Супер лига Вардар го пречека тимот на Скопје. Иако Скопје во текот на натпреварот даде отпор, сепак Вардар победи со 29:24.
Скопје го започна одлично натпреварот и успеа да поведе со 4:1. Вардар не се откажа и во 13-тата минута намали на 4:5. На овој натпревар гостите се виде дека влегоа помотивирано, па резултатот беше и во нивна корист во поголемиот дел од оваа половина.
Екипата на Скопје се до 28-та минута успешно одржуваше минимална предност кога Вардар израмни. На полувреме екипите заминаа со резултат 12:12.
Во втората половина црвено-црните влегоа многу по сериозно. Со серија од 2-0 успеаја за прв пат на натпреварот да поведат. Скопје даде напор и во 40-тата минута успеа да израмни на 18:18. Но, Вардар не дозволи да поведат Скопје и серија од 4-1 домаќинот зголеми на 22:19. Вардарки беа упорни и на десет минути пред крајот ја зголемија предноста на +5 (25:20). Таквата црвено-црните ја зачуваа и на крајот, а славеа со конечни 29:24.
Најефикасна од Вардар беше капитенот Ивона Трпевска со 11 гола , додека од поразената екипа Нина Неделковска постигна 8 гола.
Очекувана и убедлива победа славеше и шампионот Ѓорче петров во дуелот со Стружанка.
Инаку сите натпревари од ова коло се играат денеска, бидејќи утре следува собир на сениорската репрезентација. Македонија ја чека двомеч со Шпанија во квалификациите за Европскиот шампионат.
Ивона Кимовска
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 15 КОЛО
САБОТА
ВАРДАР – СКОПЈЕ 29-24
СТРУЖАНКА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 18-37
ШАМПИОН – ГЕВГЕЛИЈА 27-24
АСТИБО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 30-32
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ДЕСПИНА во тек
18.00 СПАРТАК –КУМАНОВО
19.30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР