Манчестер Сити триумфираше над Борнмут со минимални 1:0 на гостински терен.
“Граѓаните” по оваа победа имаат максимален учинок во меѓусебните натпревари со Борнмут на гости. Тие славеа на сите 14 гостувања на „Виталити”.
Голот за победа на избраниците на Пеп Гвардиола го постигна Фил Фоден во 24-тата минута.
Големиот број на шанси во понатамошниот тек на натпреварот не ги искористија Сити и минимално со 1:0 славеше над Борнмут.
Со оваа победа Сити продолжува да му дише во врат на Ливерпул. „Граѓаните” на втората позиција имаат 59 бодови, 1 помалку од првопласираните „Редси”.
Третопласираниот Арсенал има 55 бодови, но и натпревар помалку, кој ќе го одиграат вечерва со почеток од 21:00 часот.