Лошиот ден за македонските интернационалци го заокружи Дарко Чурлинов. Тој со својата екипа Шалке загуби на гостувањето кај Магдебург.
Во натпревар од 23-тото коло на Втората Бундес лига, Шалке беше поразен од Магдебург со 3-0. Чурлинов беше во стартниот состав на гостите и одигра едно полувреме.
Порази денеска претрпе и Ељиф Елмас со Лајпциг кај минхенски Баерн.
Елези кој остана на клупата за резерви на Бохум на гостувањето во Менхенгладбах.
И Бојан Миовски со неговиот Аберден загуби во дуелот со Килмарнок во шкотската Премиер лига.