Селекцијата на Естонија е најголемиот ривал на Македонија за пласман на Евробаскетот 2025-та.
Затоа премиерниот натпревар во квалификациите против Естонците, е од исклучителна важност за македонската репрезентација.
Еден од помладите кошаркари во овој состав на Македонија е Лејсон Зекири, кој верува дека може да ја победиме Естонија.
„На овој натпревар очекувам, дека заедно со тимска игра, може да направиме добар резултат, да победиме, да ги изненадиме.
Што се однесува до мојата минутажа, тоа ќе реши селекторот.
Колку и да биде тоа, јас ќе дадам себе за бидат горди навивачите“, изјави Зекири
Македонската репрезентација вечерва го одработува претпоследниот тренинг, а според претходно најавеното и утре напладне ќе црвено-жолтите ќе бидат во „погон“.
„Пет дена подготовки не се ни многу, ниту малку. Најголемиот дел од играчите долго време играле заедно, сите се професионалци, добро се познаваат и мислам дека се ќе биде добро“, потенцира Зекири.
Натпреварот од „Х“ групата во Македонија – Естонија ќе се игра утре од 19 часот во СЦ „Кале“ во Скопје.
Денеска во рамките на истата конкуренција ќе играат топ фаворитот Литванија и ко-домаќинот на првенството Полска.