Новиот македонски репрезентативец Итан Хап брзо се адаптира на соиграчите во националниот тим. Тој веќе одработи неколку тренинг-сесии со нашиот национален тим.

Хап треба да биде од голема помош во играта под обрачите во воведните два натпревари од евро-квалификациите.

„Убаво ми е, работиме на хемијата во тимот, имаме само неколку дена, но се обидуваме максимално да ги искористиме“, изјави Хап.

Овој 27.годишен кошаркар, родум од Илиноис, со нетрпение го чека своето деби и дуелот против Естонија утре.

„Среќен сум што ова, возбудливо е за сите нас, а особено за мене бидејќи е голема чест што сум Македонец и што ќе играм за Македонија.

Ни претстои голема борба против Естонија и Полска и возбуден сум поради она што не очекува.

Естонија има многу талентирана репрезентација. Во минатото, тоа не беше кошаркарска земја, но во моментов има добар тим, со неколку квалитетни евролигашки кошаркари, па ќе мораме да извадиме се од нас за добар резултат“, потенција Хап.

Македонија е дел од групата „Х“ во која се уште и репрезентациите на Литванија, Полска и Естонија.

Со оглед на тоа што Полска е ко-домачин на првенството, од оваа конкуренција само една селекција нема да игра на Евробаскетот.