Екипата на Бутел Скопје го промовира младиот ракометар Давид Јаневски за свој нов член.

Јаневски кој настапува не централната бековска позиција со Бутел потпиша договор до 2026-та година.

Младиот Давид, доаѓа од Мулти Есенс, а минатата сезона на кадетскиот „фалјан-фор“4” беше прогласен за најдобар среден бек на турнирот.


Освен за Мулти Есенс, Јанески има настапувано и за Алушовски, Вардар и Алкалоид во младинските категории.

Јаневски беше и на поширок список на кадетската репрезентација на Македонија.