Екипата на Манчестер Сити потешко од очекувано славеше победа над Брентфорд и се врати на 2.место на табелата во Премиер лигата
Во заостанатиот натпревар од 18.коло, одигран на „Етоихат“ Манчестер Сити до победата стигна со голот на Халанд.
Во првиот дел шампонот никако не успеваше да го скрши отпорот на гостите, па резултатот остана печениот 0-0.
Избраниците на Пеп Гвардиола, продолжија во ист ритам и во вториот дел, што донесе и резултат. Конечно, Сити во 71.минута, успеа да стигне до водство. По брзата акција од сопствената половина, Халанд го искористи одличното додавање на Алварез и погоди за 1-0.
Норвежанецот уште еднаш ја затресе мрежата на гостите, но голот беше поништен поради претходен офсајд на Вокер.
Со оваа победа и 56 бодови Сити се враќа на 2.место на табелата со еден помалку од лидерот Ливерпул, а еден повеќе од трето пласираниот Арсенал.