По без малку двомесечна пауза викендов продолжуваат натпреварите во женската ракометна Супер лига.
На програмата се натпреварите под 14.коло во кое дерби дуел е меѓу Чаир и Вардар. За очекување е натпреварот да биде неизвесен до последната минута, со голема борба за секоја топка. На претходниот меѓусебен натпревар, двете екипи одиграа одлично и борбено ,по што овој дуел заврши со нерешен резултат (29:29).
Натпреварот е закажан во недела со почеток од 1 часот во спортската сала ,,7-ми Март”. Правдата на овој дуел ќе ја делат Александар Вукашиновски и Трајковски Мирко.
Бранителот на титулата и лидер на табелата Ѓорче Петров ќе го пречека Пелистер, додека Металург Автокоманда гостува кај Спартак. Екипата на Куманово игра против тимот на Гевгелија.
Ѓорче Петров со максимални 13 победи и 39 бода е лидер на табелата. Зад него е тимот на Чаир со 34 бода, а еден бод помалку на третата позиција е Металург Автокоманда, додека четврт е Куманово, а на петтото место е Вардар.
СУПЕР ЛИГА (жени) – 14.КОЛО
сабота
13:00 СКОПЈЕ – АСТИБО
14:00 КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА
15:30 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ШАМПИОН
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР
18:00 СПАРТАК – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
19:00 ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА
недела
14:00 ЧАИР – ВАРДАР
Ивона Кимовска