По двомесечна пауза од утре фудбалот се враќа на терените низа Македонија. 

Со натпреварот меѓу Гостивар и Вардар ќе започне пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига. 

Неодамна првиот човек на судиската комисија при ФФМ, Димитар Мечкаровски истакна дека дел од судиите на главната листа се физички не подготвени.

Сепак, тоа не го одложи делегирањето на арбитрите кои ќе ја делат правдата на шесте натпревари од 19-тото коло.

Сите натпревари викендов ќе се играат во терминот од 14 часот.

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА 19.КОЛО
сабота
ГОСТИВАР – ВАРДАР                  Александар Ставрев (Скопје)
недела
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ        Димитар Пилешков (Штип)
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА      Марјан Младеновски (Скопје)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА   Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ            Александар Грујоски (Кичево)
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ            Ндерим Тефику (Куманово)

Standings provided by Sofascore