Она што изминатите денови се шпекулираше, денеска се потврди. РК Аеродром повеќе не е дел од Супер лигата. 

Потврдата доаѓа во билтенот од 1.коло на плеј-фото објавена на веб страната на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

„Согласно доставената информација и известување од страна на Комисијата за лиценцирање при Ракометна Федерација на Македонија, во врска со постапката за финализирање на административните формалности за процесот на трансформација на Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром во трговско односно акционерско друштво, на состанокот одржан на ден 12.02.2024 година се констатираше дека Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром ја нема исполнето законската обврска за трансформација на спортскиот субјект од здружение во трговско односно акционерско друштво согласно Законот за спорт член 6-а и член 9-а.“ се вели во образложението на РФМ. 

Инаку, во саботата аеродромци не го одиграа натпреварот со вториот тим на Еурофарм Пелистер. Сопственикот и тренер на клубот Дарко Петровски за тоа го обвини генералниот секретар на федерацијата. 

Петровски тоа го изјави за време на „стримингот“ на официјалниот Јутуб канал на РФМ, а веднаш потоа видеото стана не достапно