Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ продолжува со одличните настапи на меѓународна сцена и бркање норма за ОИ во Париз летово.
Мила освои сребрениот медал на Г1 опен турнирот во и тоа во конкуренција на 250 натпреварувачки во нејзината категорија.
На патот до финалето Рељиќ победи три домашни претставнички и една руска натпреварувачка. Сепак во финалето беше поразена од Хрватката, Ивана Арелиќ.
Со овој успех, Милијана освои нови 7,20 поени за олимписката ранкинг листа која носи учество на Летната Олимпијада во Париз 2024