Екипата на Микел Артета одигра страшен натпревар на гости кај Вест Хем совладувајќи го со неверојатни 6:0.
Водството на Арсенал му го донесе Вилијам Салиба во 32-та минута, а пред крајот на првиот дел почна „каконадата“ на „топџиите“.
Во 41-та минута Букајо Сака од белата точка зголеми на 2:0. Само три минути подоцна веќе беше и 3:0, а стрелец беше вториот „столб“ во одбраната Габрел. Во втората минута од судиското надополнување (45+2), Леандро Тросар биеше за 4:0.
Тука веќе надежта на Вест Хем згасна и во вториот дел Арсенал само си ја направи победата „послатка“.
Сака во 63-тата го постигна својот втор погодок на натпреварот за петарда во мрежата на Алфонс Ареола.
А, Деклан Рајс во 66-тата минута со „проектил“ надвор од шестнаесетникот ги постави конечните 6:0.
Арсенал се наоѓа на третата позиција на табелата со 52 освоени бодови, исто толку има и Сити кој е втор но со натпревар помалку. Првопласираниот Ливерпул има 54 бода.