Македонската фудбалска репрезентација вчера на ждрепката во Париз, ги дозна противниците за новото издание на Лигата на нациите.

Македонија ќе игра во третата квалитативна „Ц“ конкуренција против Ерменија, Летонија и Фарските острови.

Црвено-жолтите во септември отвораат со гостувањето кај Фарските острови, по што ја пречекуваат Ерменија. Во месец октомври следува две гостувања во Летонија и Ерменија. Групната фаза завршува во ноември пред кога македонската селекција ќе игра својата публика со дуелите против Летонија и Фарските острови

ЛИГА НА НАЦИИ „Ц“ КОНКУРЕНЦИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОИЈА

07 септември  ФАРСКИ ОСТРОВИ – МАКЕДОНИЈА  15.00 часот
10 септември МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА    20.45
10 октомври ЛЕТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА  20.45
13 октомври ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА     18.00
14 ноември МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА  20.45
17 ноември МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ  15.00