Селекторот на сениорска женската репрезентација, Кристијан Грчевски го скрати список на ракометарки за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија.
Двомечот со Шпанија е дел од квалификациите за Европското на крајот на годината, во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Откако на поширокиот список на Грчевски беа дури 35 ракометарки, сега на истиот се 20 ракометарки.
Собирот е закажан за ден 25 февруари (недела), во 12 часот, во хотел „Александар Палас“ во Скопје.
Првиот натпревар Македонија и Шпанија ќе го играат во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 29 февруари (18 часот), Реваншот е закажан за 3 март во градот Ланзароте (17 часот).
Нашата репрезентација веќе оствари две победи во исто толку натпревари, совладувајќи ги Азербејџан на домашен и Литванија на гостински терен.
Потсетување дека пласман на Европскиот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани селекции од групата.