Македонската фудбалска репрезентација ги дозна противниците за новото издание на Лигата на нации.
Ждрепката одржана во Париз на Македонија и ги донесе за ривали селекциите на Ерменија, Летонија и Фарските острови против кои ќе игра во група.
Македонските фудбалери и овојпат ќе настапуваат во третата квалитативна „Ц“ конкуренција во Лигата на нациите.
Новото издание започнува со двата натпревари закани за 5 и 8 септември.
Вториот круг односно, третото и четвртото коло ќе се играат на 10 и 13 октомври, а групите ќе завршат со два натпревари на 14 и 17 ноември 2024.
Двете првопласирани селекции од своите групи ќе обезбедат пласман во првата, четвртфинална рунда, а ќе играат против репрезентации од својот ранг.