Претстојниот викенд продолжуваат натпреварите во машката ракометна Супер лига. На стартот на плејофот и големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Од таборот на битолчани информираа дека сите карти за овој натпревар се веќе распродадени.
Влезниците беа пуштени во продажба во понеделникот, но воопшто не не изненадува што „пламнаа“ брзо.
Како што велат од таборот на шампонот
„СПОРТСКАТА САЛА ,,БОРО ЧУРЛЕВСКИ” ЌЕ ГОРИ, СИТЕ БИЛЕТИ СЕ РАСПРОДАДЕНИ“
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во сабота од 18 часот.