Фудбалерите на Челзи ќе продолжат со натпреварите од англискиот ФА куп. Ова откако вечерва во повторениот дуел од шеснаесетина финалната Челзи беше подобар од Астон Вила
На „Вила Парк“ во Бирмингем, Челзи ја порази Астон Вила со 3-1.
Гостите од Лондон за само десет минути во првиот дел веќе имаа два гола предност. Во 11-тата Галагер го отвори резултатот, а во 21-та минута, Џексон зголеми на 2-0 за сините.
Аргентинецот, Енцо Фернандез во 54,минута зголеми на 3-0, а Дијаби во судиското дополнение го постигна голот за Астон Вила.
Челзи во осминафиналето ќе го пречека Лидс Јунајтед.