Супер интересен и неизвесен натпревар во Мадрид одиграа Атлетико и Атлетик Билбао. По првиот полуфинален меч во Копа дел Реал минимална предност остварија гостите.
Баскијците славеа победа со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Беренгер во 25.минута од пенал.
Малку недостасуваше домаќините да стигнат до израмнување во судиското дополнение. Во 91.минута беше досуден пенал за Атлетико, но по прегледувањето на снимката поради офсајд одлуката беше поништена.
Така Атлетико по речиси 13 месеци за прва пат загуби пред своите симпатизери.
Резултатот ветува супер интересен реванш дуел во Билбао кој е закажан за 28 февруари.
Исто се очекува да биде и на втората реванш полуфинална пресметка меѓу Сосиедад и Мајорка кои во првиот меч одиграа без голови (0-0).