Реал Мадрид прокоцка сигурна победа против Атлетико Мадрид. Со резултат од 1:1 заврши четвртото Мадридско дерби оваа сезона.
Првиот дел донесе возбуда од самиот старт. Двете екипи напаѓаа и си ги мереа силите со одбраната на противникот.
По одбиена топка која среќно налета во нозете на Брахим, тој постигна гол за 1:0.
Во вториот дел Атлетико влезе по фуриозно. Напаѓаа од сите страни. Гол постигна Стефан Савиќ кој му беше поништен поради офсајд.
Иако Атлетико повеќе напаѓаше, Реал изгледаше поопасно во нивните налети.
Неискористените шанси на Родриго ги казни Маркос Љоренте кој постигна гол за изедначување против „своите” во судиското продолжение.
Реал испушти златна шанса да се одлепи не повеќе од 2 бода од Џирона. Сеуште лидери во Ла Лига се „кралевите” со 58 бода. Атлетико Мадрид пак се на 4.место со 48 бода.