Избраниците на Микел Артета извојуваа важна победа на домашен терен против Ливерпул со 3:1. Со оваа победа фудбалерите на Арсенал му се доближија на само 2 бода на табелата во Премиер лигата.
Иницијативата во првото полувреме ја зазема Арсенал, а Букајо Сака ја награди одличната игра на „топчиите“ со погодок и водство од 1:0 уште во 14-тата минута.
И покрај одличната игра на домаќинот во првиот дел, „црвените“ успеаја да израмнат на 1:1. Пред крајот на првиот дел, им помогна Габриел, кој несмасно со рака си заби автогол.
Арсенал ја продолжи добрата игра и во второто полувреме и набрзо дојде и до предност од 2:1.
Катастрофална грешка направија Алисон и Вирџил ван Дајк, поклонувајќи му ја топката на Мартинели, реализираше во 67-та минута.
Надежта на Ливерпул згасна во 88-та минута кога Ибрахима Конате го доби вториот жолт картон и мораше порано да го напушти теренот.
Конечните 3:1 ги постави нововлезениот Леандро Тросард во судиското надополнување.
Ливерпул останува на првата позиција со 51 освоен бод, додека Арсенал со овој триумф му диши во врат на втората позиција со два помалку. Манчестер Сити е трет со 46, но има и два натпревари помалку.