Првопласираните три екипи на табелата во германската Бундес лига остварија очекувани победи и пронижија нови три бода.
Лидерот Баер Леверкузен, со головите на Нигериацот, Теља, славеше со 2-0 на гостувањето кај Дармштад.
Нешто потешко од очекуваното до победи стигнаа и минхенски Баер, односно Штутгарт.
Баерн пред своите симпатизер ја победи Борусија Менхенгладбах со 3-1, иако готите беа оние кои го отворија резултатот.
Со ист резултат, но на гостински терен кај Фрајбург славеше и екипата на Штутгарт. Гостите за само четири минути преку Ундав (3) и Фурих (7) веќе имаа два гола предност, а од 18.минута и играч повеќе, откако Рол заработи црвен картон.
Така по овие резултати нема промена на табелата на која и натаму Леверкузен има два бода повеќе од Баер Минхен, а дури 12 од Штутгарт.