Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не му помогна на Рајо Ваљекано да избегне поразен на гостувањето во Мадрид.
Во натпревар од 20.коло, Рајо Ваљекано загуби од Атлетико со 1-2.
Столе дури три пати ја вадеше топката од својата мрежа. Прбиот пат во 35-тата минута кога Реинилдо го совлада со глава за водство на Атлетикот од 1-0.
Во меѓувреме (42) Алваро Гарсија погоди на спротивната страна за израмнување на 1-1.
Рајо во вториот дел одолеваше на нападите на домаќините се до завршните десет минути. Во 81-та Депај прв пат го совлада Столе, но голот беше поништен поради офсајд.
Сепак во првата минута од судиското дополнение голот на Холанѓанецот важеше. На тоа му претходеше одлична асистенција на Гризман и кикс на Димитриевски.
Со ова Атлетико ја предложи низата од 28 натпревари без пораз пред своите симпатизери. Воедно Атлетико се врати на третата позиција на табелата со 47 бодови колку што има и четврто пласираната Барселона, која вечерва ја победи Осасуна.