Со завршувањето на првиот Грен слем во сезоната Австралија Опен, бројни промени има на ВТА ранг листата.
Најновото рангирање донесе и бројни промени и тоа меѓу десетте најдобри светски тенисерки.
Сепак, лидер и понатаму е Ига Швјатек од Полска, додека актуелната победничка од Мелбурн, Арина Сабаленка останува втора.
Напредок имаат Американките, Коко Гауф и Џесика Пегула кои скокнаа за едно место односно две места и сега се на третото и четвртото. На сметка на Американките, пад од две позиции има Рибакина која сега е петта.
Очекувано финалистот Кинвен Женг од Кина направи најголем „скок“ и тоа за осум места па сега е седма.
На сметка на тоа пад од по едно место имаат Маркета Вондроушова, Марија Сакари и Каролина Мучова кој ја заокружуваат листата на ТОП 10 .