Фудбалерите на Вардар со убедлив пораз ги почнаа подготвителните контролни натпревар во Анталија, Турција. Вардарци во турскиот туристички центар, денеска го одиграа првиот од петте предвидени натпревари.
Црвено-црните се поразени со 0-4 од полскиот тим Заглебие Лубин. По првото полувреме противникот имаше гол предност откако Вдовјак погоди во 29-тата минута.
Во вториот дел уште три гола во мрежата на Гачевски.
Серијата ја отвори, Муњоз (55-минута), Суштал (76) зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Муњоз со својот втор гол (83).
Веќе в среда, вардарци ќе го одиграат вториот натпревар, а противник ќе биде екипата на Аркадак од Туркменистан.
До крајот на престојот во Анталија, Вардар ќе одигра и против, Металург Бекабег (Узбекистан), Креузлингер (Швајцарија) и Колос (Украина)