Манчестер Јунајтед го совлада шесто лигашот Њупорт со 4:2 во гости и се пласираше во осминафиналето на Фа купот.
Уште во 13-тата минута, Јунајтед имаше 2:0 а головите ги постигнаа Бруно Фернандеш и младиот Коби Маино.
Пред крајот на првиот дел Њупорт успеа да се врати во натпреварот и да намали на 2:1 со голот на Брин Морис во 36-тата минута.
На стартот на второто полувреме Вил Еванс постигна погодок за 2:2 и шесто лигашот дојде до изедначување.
Но, „црвените ѓаволи” успеаја да ја вратат предноста и во 68-та минута Ентони погоди за 3:2.
Конечните 4:2 ги постави Расмус Хојлунд во 94-тата минута.
Во осминафиналето Јунајтед ќе го чека подобриот од натпреварот меѓу Бристол Сити и Нотингем Форест.