Екипата на Јувентус, со играч помалку, на „Алијанц“ стадионот во Торино одигра нерешено со Емполи 1:1.
Уште во раната фаза од натпреварот старата дама остана со десетмина на теренот. Имено, во 18-тата минута поради оштар старт над противникот Аркадиуш Милик доби директен црвен картон.
Јувентус се мачеше да дојде до прилика, но српскиот голгетер тоа му го олесни во 50-тата минута. Душан Влаховиќ прекрасно се снајде во шестнаесетникот и му донесе водство на својот тим од 1:0.
Емполи изедначи со голот на Томасо Балданци, кој биеше со сета сила надвор од шестнаесетникот и погоди за 1:1.
До крајот и двете екипи се обидуваа да направат шанса за гол, но конечниот резултат остана 1:1.
И покрај „киксот“, Јуве останува на врвот на италијанската Серија а со 53 освоени бодови, два помалку од Интер но и два натпревари повеќе.