Македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски кој имаше одличен настап на Европскиот шампионат, уште две сезони останува во РК Вардар.
Лазаревски кој веќе две години е дел од Вардар ја продолжии соработката со црвено-црните до 2026 година.
„Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар.
Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи.
Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице.
Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, вели Милан Лазаревски.
Клубот продолжува со задржување на играчите на кои смета и во иднина, со што костурот на тимот и во иднина ќе биде ист.
Лазаревски е еден од неколкуте сегашни играчи што го продолжија договорот со Вардар.