Екипата на Интер трета година во низа го освојува трофејот во Суперкупот на Италија.
Во финалето одиграно во Ријад, Саудиска Арабија, Интер со 1-0 го победи актуелниот шампион Наполи.
Во натпреварот двата тима повеќе мислеа на својот отколку на противничкиот гол. Победникот беше решен во судиското дополнение односно 91-та минута.
По акцијата на Павар, на вистинското место се најде Лаутаро Маринез кој го постигна единствениот гол на натпреварот.
За „Нероаѕурите“ ова е осми пат во својата историја да го освојат пехарот наменет за најдобриот тим во Суперкупот на Италија.