Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција тимот на Ѓорче Петрив е во ТОП 8-те екипи во Европскиот куп.
Со ова ѓорчепетровки направија чекор натпревар на европската сцена надминувајќи го минатогодишниот резултат кога беа елиминирани во осминафиналето.
„Направивме чекор напред. Среќен сум што сум во одбрано друштво, девојките ме прават горд и со својата борбеност и пожртвуваност.
Пласманот меѓу осумте најдобри во Европскиот куп значи многу за македонскиот женски ракомет.
Нема да застанеме тука, иако и ова е голем успех“,
изјави тренерот Симе Симевски.
Сепак амбициите на тимот не запираат тука. Од таборот на Ѓорче Петров најавуваат дека ќе атакуваат и на пласман во полуфиналето.
„Мислам дека нема да застанеме тука, продолжуваме понатака.
Ќе се бориме ќе тренираме и уште помотивирани одиме во следен чекор, кој мислам можеме да го оствариме, само ако веруваме во себе“,
истакна Анастасија Николовска.
Која ќе биде следната пречка на „Лавиците“ од Ѓорче ќе дознаеме утре по ждрепката закажана за 11 часот во седиштето на ЕХФ.
„Се надевам дека ќе имаме среќа утре. Но, веќе сите екипи се спремни и силни, без разлика на тоа која екипа ќе ни се падне на ждрепката.
Ќе го дадеме својот максимум, веруваме во себе, ќе се подготвиме за следното коло и ќе одиме на победа, зошто да не и полуфинале“,
вели Милица Николиќ.
Покрај Ѓорче Петров пласман во четвртфиналето обезбедија и:
Јаликавак (Турција), Гранољерс, Елче, Гран Канарија (Шпанија) Бенфика (Португалија) Венло (Холандија) и Михаловце (Словачка).