Лидерот на Премиер лигата Ливерпул ја задржа предноста од пет бодови во однос на конкурентите, откако во попладневниот дуел од 21. коло како гостин го совлада Бурнемут со 4:0. Стрелци за Ливерпул беа Дарвин Нуњез и Диого Жота по два гола, а сите голови беа постигнати во вториот дел.
По релативното мирно прво полувреме без шанси за гол, Ливерпул поведе во 49. минута откако Дарвин реагираше одлично на асистенцијата од Жота. Гостите водството го зголемија во 70. минута со голот на Жота, а истиот фудбалер девет минути подоцна постигна уште еден гол за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Дарвин со гол во судиското надополнување 90+3 минута.
Ливерпул со 48 бодови е лидер на табелата и пет повеќе од конкурентите Манчестер Сити, Арсенал и Астон Вила, кои имаат по 43.