Само една четвртина, им беше доволна на кошаркарите на Феникс 2010 да дојдат до првиот триумф од 109-76 во новата календарска година.

Повеќе од добро ги одработија првите десет минути избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ.

Уште во првата четвртина обезбедија големи, огромни (32:9), а потоа, се беше полесно, порелаксирано за домашниот состав, кој до полувремето веќе имаше двојно поголем број на дадени 56 од примени поени 28.

Шакур и Рис искомбинираа 28 коша колку целиот тим на ФМП заедно во првото полувреме. Трајовкси и Стојковиќ реализираа по 9 поени.

Кај ФМП отсуствуваше најдобриот играч Огундиран. Па поените беа поделени на вкупно осум кошаркари, но без некое „отскокнување“, она поентерско.

Бојан Трајковски стигна и до трипл-дабл ефект. Затоа што на 19 коша имаше и 11 асистенции и 10 скока.

Дабл-дабл ефект од 24 поени и 18 скока во домашниот тим, каде имаше дури шестмина „двоцифрени“ играчи, запиша Џозеф Рис.

Ова беше и осма победа на Феникс 2010 во досегашниот дел од сезоната, доволна за делба на шестата позиција (со ТФТ Моцарт).

По 14 кола, Навико Академија ФМП останува на ефект од 3 победи и 11порази.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
сабота
ТФТ – ВАРДАР       92-82
МЗТ СКОПЈЕ А. – ПЕЛИСТЕР  66-72
ЕУРО НИКЕЛ – ГОСТИВАР  98-75
РАБОТНИЧКИ – ЧАИР  84-70
недела
18.00 ОХРИД – КОЖУВ 74-72
20.00 ФЕНИКС – ФМП АКАДЕМИЈА 109-76

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26 бодови, Еуро Никел 25, Работнички 24, Пелистер 24, Чаир 23, ТФТ 22, Феникс 22, Гостивар 18, Вардар 17, Кожув 17, Академија ФМП 17, Охрид 17.