Кошаркарите на ТФТ победнички го почнаа вториот дел од сезоната во Првата машка лига.

Во воведниот натпревар од 14.коло одигран попладнево во СЦ „Кале“, ТФТ очекувано славеше над Вардар со 92-82.

Уште по првите 10-минути, домаќинот најави дека победата и бодовите остануваат на негово конто. Го доби периодот ТФТ со 9 разлика (27-18), а по вториот додала уште +5 (22-17).

Предноста од 14 поени во второто полувреме избраниците на Боро Смилковски рутински ја зголемува за најголеми +28 разлика. На крајот тимот од Тафталиџе славеше само со 10 разлика конечни 92-82.

Најефикасен во победничката екипа беше Виктор Ташковски кој средбата ја заврши со 27, додека Сардар Калхун постигна 18 поени. Во редовите на Вардар поентерски најдобар беше Андреја Атанасов со 25 поени.

За ТФТ ова беше осма победа, додека Вардар го претрпе 11-тиот пораз.

Попладнево ќе се играат уште три натпревари сите во терминот од 18 часот, а дербито е о СЦ „Јане Сандански“.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
сабота
13.00 ТФТ – ВАРДАР
18.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ПЕЛИСТЕР
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – ЧАИР
недела
18.00 ОХРИД – КОЖУВ
20.00 ФЕНИКС – ФМП АКАДЕМИЈА