Дерби дуелот од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Шпанија ќе се игра во Билбао.

Ждрепката посака двете најтрофејни екипи во ова натпреварување Атлетик Билбао и Барселона да се сретнат во четвртфиналната рунда.

Покрај овој натпревар внимание ќе привлече и дуелот во Мадрид каде Атлетико ќе ја пречека Севиља.

Најпријатното изненадување сезонава во Шпанија, тимот на Џирона ќе и гостува на Мајорка, а во Виго кај Селта ќе допатува Реал Сосиедад.

Четвртфиналните дуели ќе се играат од вторник до четврток ( 23-25 јануари).

Победниците од тие натпревари ќе се пласираат во полуфиналето во кои ќе се одиграат по два натпревари 7 и 28 февруари. Финале на програмата е на 6 април.

КОПА ДЕЛ РЕЈ – 1/4 ФИНАЛЕ
23 јануари
21.30 Селта – Реал Сосиедад
24 јануари
19.30 Мајорка – Џирона
21.30 Атлетик Билбао – Барселона
25 јануари
21.00 Атлетико Мадрид – Севиља