Пепи Ѓоргиев ќе го засили нападот на штипска Брегалница. Тој е второто засилување во зимскиот преоден рок, откако штипјани претходно го вратија Михаил Маневски во своите редови.

Ѓоргиев, со успех, во Брегалница настапуваше во сезоната 2019/2000.

Во меѓувреме, тој играше и во Теута (Албанија), Кожуф, Беласица, Силекс, Академија Пандев, Шкупи и Гостивар (Македонија).