Фудбалерите на Реал Мадрид се освојувачи на Суперлупот на Шпанија. Ова откако во Ријад, Саудиска Арабија, Реал убедливо го доби лутиот ривал Барселона со 4-1.
Вени, Види, Винициус… Бразилскиот ас со хет-трик беше главниот јунак на „Кралевите“.
Уште во првото полувреме Реал најави победа. Во 7-та минута Вини го отвори резултатот. Винициус зголеми на 2:0 во 10-та минута. Преку проектил на Левандовски, Барса се врати на 2:1 и тоа беше единствено значакно што направија на натпреварот. Вини преку пенал го комплетираше неговиот „хет-трик”.
Второто полувреме Реал намали со темпото, но тоа не ги спречи да постигнат уште еден гол. По лошо одбиена топка на Кунде, Родирго Гоес постигна гол за 4:1. Роналд Араухо во 71-та минута доби црвен картон и со таков епитет заврши натпреварот.
За Реал Мадрид ова е 14-ти триумф во Сиперкупот на Шпанија. Воедно ова е и реванш за минатогодишниот триумф на Барса над Реал.
Андреј Велјаноски