Македонскиот шампион Ѓорче Петров го одигра првиот дуел од осминафиналето во Европскиот куп против чешкиот тим Кинжварт. Ракометарките на Ѓорче Петров успеаја да остварат победа со пресврт во второто полувреме и конечни 32:29.
По почетните 1-0 и 2-0 за Ѓорче, следуваше низа од 3-0 на гостинките за водство од 2-4. Кинжварт во 14-тата минута успеа да зголеми на +3 (8:5). Ѓорче Петров даде напор и намали на 8:9. Чешкиот тим во оваа половина беше поквалитетен и успешно одржуваше минимална предност. На полувреме гостите заминаа со 14:13.
Во втората половина гостите со серија од 2-1 успеаја да создадат минимална предност од 16:14. Но, македонскиот шампион не се откажа и во 34-тата минута израмни на 17:17. Чешкиот тим повторно успеа да поведе минимално но, ракометарките на Ѓорче Петров веднаш израмнија. Во 43-тата минута домаќинот со серија од 2-0 поведе со 24:22. Македонскиот шампион успешно ја одржуваше оваа предноста и на крајот славеше со три разлика 32:29.
Најефикасни од тимот на Ѓорче Петров беа Јанкуловска, Ризоска и Коларовска со по шест погодоци.
Реванш дуелот на програмата е за седум дена на 20 јануари. Доколку Ѓорчепетровки ја сочуваат предноста од три гола ќе се пласираат меѓу осумте најдобри.
Ивона Кимовска