По три неделна пауза со натпреварот во Минхен одигран вечерва стартува вториот дел од сезоната во германската Бундес лига.
Во воведниот натпревар од 17.коло Баерн го совладаа Хофенхајм убедливо со 3:0.
Најзаслужни за оваа победа беа двојниот стрелец Џамал Мусијала и Лирој Сане кој оствари две асистенции.
Домашните поведоа во 18. минута кога Сане го пронајде Мусијала во шеснаесетникот на гостите, а овој брилијантно го погоди далечниот агол од голот на Хофенхајм.
Истото дуо е одговорно и за вториот гол на Баерн на 20 минути пред крајот на натпреварот. Убаво, Сане и Мусијала си разменија двојно додавање, а помладиот Мусијала го постигна својот втор гол.
Конечниот резултат го постави Хари Кејн во судиското надополнување.
По оваа победа Баерн има 41 бод и е на второто место со бод помалку од лидерот Баер Леверкузен.