Фудбалерите на Алавес ја совладаа Севиља со 3:2 како гости во натпреварот од 20.коло на шпанската Примера.
На стадионот „Рамон Санчез Пишуан“ гостите беа посреќни и посмешни и стигнаа до заслужен триумф.
Алавес одигра маестрално во првото полувреме и водеше со 2:0 со головите на Нахуела Тенаглије и Кике Гарсија.
Сепак, Севиља успеа да израмни пред крајот на натпреварот. Најпрво Рафа Мир го намали резултатот на 2:1, а потоа Лукас Окампос со гол од пенал во 81.минута израмни на 2:2.
Тоа не беше крајот на драмата во Андалузија.
Во 91.минута гостите повторно поведоа и триумфот го остварија со голот на стоперот Рубен Дуарте, кој со глава го погоди Марко Дмитровиќ и израдува гостинските навивачи.