Фудбалерите на Јувентус се последните кои обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Италија.
Во четвртфиналниот меч одигран во Торино, Јувентус пред своите симпатизери убедливо ја победи екипата на Форсиноне со 4-0.
Полјакот, Аркадиуш Милик имаше хет-трик на овој натпревар. Серијата ја отвори од пенал во 11.минута, па на 2-0 зголеми во 38-та, што беше и резултат од првиот дел.
По само три минути игра во второто полувреме Милик зголеми на 3-0. Полјакот постигна и четврти гол, но по прегледувањето на ВАР снимката, беше поништен поради офсајд. Затоа погодокот на 18-годиниот турски талент Кенан Јилдиз беше регуларен за 4-0.
Јувентус во полуфиналето за противник ќе ја има екипата на Лацио, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Фиорентина и Аталанта.
Двата полуфинален дуели ќе се играат во април месец (3 и реванш на 24-ти), а финалето на програмата ќе биде на 15 мај.