Барселона ќе го брани трофејот во Супер купот на Шпанија. 

Екипата на Барселона е вториот патник во финалето на Суперкупот на Шпанија. Во вториот полуфинален натпревар, Каталонците триумфираа со 2:0 против Осасуна.

Во првиот дел и немаше скоро многу возбуда. Двете екипи си имаа свои шанси. На моменти делуваше како да немаа идеја за завршница ни едните ни другите.

Сепак работите се променија во вториот дел. И Барса и Осасуна почнаа да играат посериозно. Шанси имаше на двете страни и прв погодок постигна Левандовски. Во 59-та минута на додавањето на Гундоган, Левандовски покажа вештина и даде гол. Печат на натпреварот стави младиот Ламин Јамал. Со убав гол по асистенција на Феликс во 93-та минута, го заокружи резултатот на 2:0.

Финалето на шпанскиот Суперкуп ќе биде реприза од минатата година. Барса ќе игра против Реал Мадрид кој во својот полуфинален дуел го надигра Атлетико Мадрид.

Андреј Велјаноски