Екипите на Мидлзборо и Челзи го одиграа првиот меѓусебен дуел од полуфиналето на англискиот Лига или популарен „Карабао“ куп. Во интересна натпревар домашниот тим славеше минимално со 1-0.
Кол Палмер беше вистински трагичар во првиот дел. Во 31-минута изби сам пред домашниот чувар на мрешата, но биеше покрај голот.
Тоа домаќините го казнија во 31-та минута. По брзата контра од десната страна и уфрлувањето, на вистинското место се најде Хајден Хакни за водство на Мидлзборо од 1-0. Гостите од Лондон во продолжението имаа неколку големи шанси за израмнување. Во судиското дополнение Палмер од 3 метри промаши празен гол, па резултатот остана не променет на полувремето.
Во вториот дел Челзи се обидуваше со сите сили да стигне до израмнување, но одбраната на Мидлзборо успешно ги решаваше опасностите.
така на реваншот во Лондон закажан за 23 јануари. Мидлзборо ќе патува со гол предност.
Утре пак својот прв полуфинален дуел ќе го играат Ливерпул и Фулам (21 часот).